Турските обвинители покренаа денеска истрага против лидерот на главната курдска партија во Турција Селахатин Демирташ поради крвавите протести во октомври 2014, јавува Анадолија.
Обвинителите во градот Дијарбекир, на југоистокот на земјата, покренаа истрага против лидерот на Народната демократска партија поради поттикнување на луѓе да земат оружје за време на протестите, во кои загинаа десетици лица.
Доколку случајот дојде на суд и Демирташ биде осуден, може да му биде изречена казна затвор до 24 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.