Работнички игра полетно, модерно, во европски стил и води со 1-0 против фаворитот Трабзонспор, а акцијата што ја изведоа Стефан Вујчиќ и Баже Илијоски ја матираше одбраната на турскиот клуб во 23. минута.
Вујчиќ прекрасно во празно го исфрли Илијоски, а капитенот рутински погоди за огромна радост на околу 6 илјади гледачи на националната арена „Филип втори“ во Скопје.
Работнички воопшто не се исплаши од екстраскапиот состав на Трабзонспор, кој вреди над 100 милиони евра и игра машки, без калкулации, а таквата игра се исплатеше по половина од првото полувреме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.