| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на „Државна лотарија на Србија“ поднесе оставка

­ Директорот на „Државна Лотарија на Србија“, Александар Вуловиќ, денеска поднесе оставка на функцијата од „морални причини“, јави телевизијата „Н1“.

Loto-prevara-620x350

 

Како што дознава Б92, вработените во „ДЛС“ биле подложени на полиграфско испитување.

Информацијата за оставката на Вуловиќ пристигнува два дена по скандалот со извлекувањето на броевите во 59­то коло од играта на среќа „Лото“ што предизвика сомневања кај јавноста во регуларноста на играта.

Од „Државна лотарија на Србија“ наведуваат дека се било апсолутно регуларно и дека проблемот со извлечените броеви и нивниот приказ во текот на ТВ преносот бил од графичка природа, а не проблем со текот на извлекувањето.

Од српското Обвинителство најавија проверка на целиот случај.

Како што дознава Б92, повеќе лица од „ ДЛС“ кои биле задолжени за организација и извлекување во 59­то коло од играта на среќа „Лото“ биле на полиграфско испитување, а според нашите сознанија, сите лица го „минале“ полиграфот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top