Според првичните сознанија од вештачењето на трагите обезбедени од лице место, најверојатно станува збор за експлозивна направа кашикара која била фрлена синоќа, после полноќ, од засега непознато лице во насока кон објектот на СВР Скопје.
Бомбата експлодирала на работ на тротоарот од паркингот во близина на оградата од објектот во кој е сместен СВР Скопје, истакна помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.
При експлозијата за среќа нема повредени лица. Направена е материјална штета, односно оштетени се три прозорски стакла на зградата на СВР Скопје и повеќе патнички возила паркирани во непосредна близина.
Котевски вели дека засега полицијата нема сознанија за поврзаност на оваа експлозија со експлозиите пред СВР Тетово и СВР Куманово. Според првичните вештачење се работи за сосема различна експлозивна направа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.