| четврток, 6 декември 2018 |

В петок ќе свети Сина месечина, ден кога нешто се случува сега или никогаш

Утре на небото ќе свети Сина месечина, термин што се користи за втората полна месечина во истиот месец. Првата полна месечина овој месец беше на 1 јули, во знакот на Јарец, а утрешната ќе биде во знакот на Водолија.

Сината месечина е толку ретка појава, што на англиски јазик означува нешто што ќе се случи сега или никогаш. Следната Сина месечина ќе биде дури во 2018 година.

Астролозите објаснуваат дека ова е крај на предизвиците и на лекциите што почнале во 2012 година.

– Ова е космички настан без преседан, вистински месец на транзиција. Ова за нас ќе значи конечно донесување на одлуките што сме ги одложувале. Сега настапуваат шанси што се случуваат само еднаш во животот и настани што можат да ги обележат нашите животи. Кога Венера, планетата на љубовта, се поврзува со Месечината, се случува големо влијание врз љубовта. На Сина месечина се случува љубов каква што може да се случи само еднаш во животот – велат астролозите .

Тие сметаат дека Сината месечина е вистински момент за откривање на чувствата, па тие што се сомневаат во својот брак, сега можат да пресечат, а тие што долго биле заглавени во стара љубов, сега решаваат да направат нов чекор кон нова врска.

– Нашите души сега се на работ на нешто големо, нешто што се подготвува од 2012 година. Се подготвува важен дел од сложувалката – тврда астролозите, додавајќи дека не постои совршено време за нешто, но ова време е подобро од многу други.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top