Педесетгодишен печалбар од Гостивар попладнето предизвикал вистинска драма во родниот град откако во семејниот дом кој се наоѓал во близина на градинка, почнал да пука кон неговите родители.
Гостиварецот Ј.С. околу 15.10 часот од за сега непознати причини отворил оган од пиштол во дворот од куќата во која живееле неговите родители. Оттаму, се префрлил во куќата и продолжил да пука по неговите татко С.С. (69) и мајка Ш.С.(69).
Разбеснетиот гостиварец кој работел во странство бил смирен дури по интервениција на полицијата, по што бил приведен.
Неговите родители биле пренесени во болница со повреди на екстремитетите.
Семејната драма ги вознемирила гостиварци кои првично помислиле дека нешто се случува во градинката Пролет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


