Работнички е најуспешниот македонски клуб на евросцената во новиот милениум, а и во ова издание на двете реномирани континентални натпреварувања, Лигата на шампионите и Европа Лигата на УЕФА, само „романтичарите“ ќе го дочекаат август со исправен гард.
Вечерва „романтичарите“ ќе имаат огромен предизвик да му се спротивстават на турскиот клуб Трабзонспор во меч од третото квалификациско коло за настап во ЛЕ.
Мечот ќе се игра од 20 часот на националната арена „Филип втори“ во Скопје, а реваншот е во Турција една недела подоцна.
Претходно сите останати три наши екипи кои играа на европската сцена испаднаа по првиот двомеч. Вардар на патот до ЛШ беше сопрен од АПОЕЛ на гол-разлика и заради примен гол во Скопје. Во Никозија беше 0-0, во реваншот 1-1, што го активира правилото на УЕФА за повеќе погодоци постигнати на гости при израмнет вкупен резултат. Идентично испадна и Шкендија со реми дома 1-1 и 0-0 на гости против Абердин, а Ренова е елиминирана од Дачија со два порази од 0-1 и од 1-4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.