Анхел Ди Марија не настапи за Манчестер јунајтед на пријателскиот меч против Пари Сен Жермен, клуб кој сака да го ангажира летово.
Интересен одговор понуди менаџерот на Манчестер Ван Гал запрашан каде е Ди Марија.
„Можеби вие знаете. Ние немаме поим каде е“, одговори Холанѓанецот на новинарско прашање.
Лоран Блан, тренерот на ПСЖ не криеше дека сакаат да го ангажираат Ди Марија, но засега понудата на популарните „светци“ од Париз е премала за барањата на „црвените ѓаволи“ од Манчестер. ПСЖ нуди 28 милиони фунти, а раководството на Манчестер бара 46 милиони фунти.
Ди Марија беше ангажиран лани летото од Јунајтед за сума од 59 милиони фунти, што е рекордна сума за играч во клупската историја на најтреофејниот англиски клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.