| четврток, 6 декември 2018 |

Квинсленд погоден од најсилниот земјотрес во изминатите 80 години

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерова скала го потресе утринава брегот на австралиската држава Квинсленд, пренесе МИА.

zemjotres

Ова е најсилниот земјотрес во изминатите 80 години, кој ја погодил оваа држава, тврдат сеизмолозите. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту опасност за појава на цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал на копно, на 100 километри од островот Фрејзер во Коралното Море, на длабочина од 30 километри под површината на земјата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top