Рекламната кампања за новото германско списание за лезбијки „Стрејт“ предизвика лавина од реакции бидејќи главна протагонистка е жена која на неверојатен начин многу наликува на германската канцеларка Ангела Меркел, која со партнерката разменува прегратки и бакнежи.
Од списанието велат дека намерата не им била да предизвикаат некаков конфликт, туку да ѝ испратат јасна порака на германската влада – законите за рамноправност на ЛГБТ популацијата се застарени.
– Според мене, бракот е заедница меѓу маж и жена. Така јас гледам на тоа, но ги поддржувам животните партнерства – изјави Меркел во едно неодамнешно интервју.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.