| четврток, 6 декември 2018 |

Жолта фаза низ цела Македонија

Метеоалармот за денеска и утре објави жолта фаза поради превисоки температури низ цел Македонија и поголемиот дел од Балканот.

Времето во Македонија денеска е биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура се движеше меѓу 15 до 22, а дневната ќе достигне и до 41 степен.

И во четврток под влијание на многу топла воздушна маса дневните температури на повеќе места ќе бидат над 35, а долж Повардарието и над 40 степени.

Во четврток вечер кон петок ќе има промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер што ќе предизвика пад на температурите за неколку степени. Потоа и во следните денови ќе има услови за локална нестабилност.

Поради високите температури донесените препораки од Министерството за здравство за ослободување од работни обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, како и препораките да се избегнува вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот, ќе продолжат до 4 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top