Мобилните тимови на Црвениот крст минатата недела им пружиле здравствена помош на повеќе од 200 мигранти на железничката станица во Гевгелија, а поради идентификуваната сериозна здравствена состојба транспортирале пет лица во гевгелиската општа болница од каде, по укажаната медицинска асистенција, во стабилна состојба ја напуштиле болницата.

Од гевгелискиот центар за јавно здравје велат дека секојдневно се спроведува дезинфекција на просторот на железничката станица во Гевгелија и околните места каде што се задржуваат мигрантите и дека се врши редовна дезинфекција на возовите кои сообраќаат на релација од Гевгелија кон Куманово и Табановце, а зафаќаат преку 2.000 метри квадратни површина.
Според препораките на Светската здравствена организација, на влезната точка во Гевгелија на мигрантите им е овозможено да се вакцинираат против сипаници, заушки и детска парализа. Можноста досега ја искористиле 50 мигранти.
(Фото: Ѓ.Личовски)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти


