| четврток, 6 декември 2018 |

За една недела Црвениот крст во Гевгелија пружил помош на најмалку 200 мигранти

crven-krst-1­ Мобилните тимови на Црвениот крст минатата недела им пружиле здравствена помош на повеќе од 200 мигранти на железничката станица во Гевгелија, а поради идентификуваната сериозна здравствена состојба транспортирале пет лица во гевгелиската општа болница од каде, по укажаната медицинска асистенција, во стабилна состојба ја напуштиле болницата.

crven-krst-2

 

Од гевгелискиот центар за јавно здравје велат дека секојдневно се спроведува дезинфекција на просторот на железничката станица во Гевгелија и околните места каде што се задржуваат мигрантите и дека се врши редовна дезинфекција на возовите кои сообраќаат на релација од Гевгелија кон Куманово и Табановце, а зафаќаат преку 2.000 метри квадратни површина.

Според препораките на Светската здравствена организација, на влезната точка во Гевгелија на мигрантите им е овозможено да се вакцинираат против сипаници, заушки и детска парализа. Можноста досега ја искористиле 50 мигранти.

(Фото: Ѓ.Личовски)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top