| четврток, 6 декември 2018 |

До крајот на 2015, уште 500 вработувања во „Дрекселмајер“

Во погоните на германски „Дрекселмајер“ до крајот на годинава ќе бидат ангажирани уште 500 работници, со што вкупната работна сила ќе надмине 6 илјади.

Trenkovski-640

Комерцијалниот директор на фабриката Ѓорѓи Тренковски за Дневникот на МТВ посочува дека секој којшто сака да ја види својата иднина во „Дрекселмајер“ е повеќе од добредојден.

Со над 5.500 вработени „Дрекселмајер“ во моментов е најголемиот странски работодавач во Македонија.

-„Дрексемајер“ е најголем работодавач во државава вклучувајќи ги и домашните фирми. Компанијата е многу горда за успехот којшто го има во Македонија и како пример би сакал да го посочам „Семејниот ден“ којшто го организиравме оваа недела, во кој над 11.000 посетители, фамилиите на нашите вработени имаа ретка можност во игри, забава, атракција, да го посетат производството и да влезат во производот, којшто ние го правиме, објаснува Тренчевски.

А тоа е, додава тој, целокупниот кабелски сет за новата Ц класа на „Мерцедес“, односно на „Дајмлер“.

„Дрекселмајер“ има потреба од висок опсег на високостручни кадри, вклучувајќи инженери, економисти, правници, вработени коишто имаат средна стручна подготовка, се разбира, секој којшто сака да ја види својата иднина во „Дрекселмајер“ е повеќе од добредојден, вели Тренковски.

Поради тоа што производот е толку баран на европските пазари, а тука влијае и успешноста, се појавува потреба за дополнителен кадар.

-Многу среќни што Македонија успеа да се избори за свое место под сонцето, да го има напродаваниот модел на Мерцедес, каде што кабелскиот сет се произведува токму кај нас во нашата фабрика, додава тој.

Онаму каде што сме најгорди, подвлекува Тренчевски, е здравјето и бзебзедноста при работата.

-При сите многубројни инспекции не сме имале никогаш наод, никогаш „Дрекселмајер“ немал некои работни услови коишто се надвор од законските прописи, напротив, согласно искажаното од инспекторите, „Дрекселмајер“ има најдобри стандарди за здравје и безбедност при работа во Македонија и сме многу среќни бидејќи никогаш не сме имале инцидент. Овде сакам да напоменам дека кога некогаш се зборува во медиумите, тоа е многу неточно искажано. Напротив, кај нас стандардите се на многу високо ниво, и ќе продолжиме да ги подобруваме, заклучува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top