Се соначте, потите, песокот се лепи по вашето тело, косата, пак, ви е полна со морска сол. Тешко е да се изгледа добро на толку високи температури. Решението е во деталите.
Наочари за сонце
Нема потреба од објаснување, без нив не се излегува во ниедна годишна доба.
Шешир
Плетен, саламен, палтнен, малечок или голем шешир, не е важно. Покрај што ќе ви го заштити лицето од горење, шеширот дава дамска нота на вашиот изглед.
Пунџа
Кога не знаете да се справите со косата, високо поставената пунџа е една од најдобрите летни фризури, која изгледа одлично кај секоја жена.
Плетенка
Покрај тоа што изгледа одлично, особено е корисна за правење на брановита коса. Сплетете голема или неколку помали плетенки додека косата се уште ви е водена. Кога ќе се исуши, расплетете ја и имајте природни локни.
Венче или лента за коса
Лентите за коса, шноли и венчиња секогаш можат да ја смират немирната коса.
Наметка
Лесно може да ја облечете и да бидете елегантни додека одите до барот на плажата. Наметката треба да биде од лесен материјал. Пожелно е да биде проѕирна, но сепак да го прокрива вашето тело.
Накит
Шарено и големо. Изберете летен накит од природни материјали – дрвени белегзии, привезок со полудраг камен, школки…
Апостолки
Одберете апостолки или сандалки кои сами по себе се уметност и изгледаат убаво на вашето стапало. Покрај костимот за капење и наметката, тие се најважното на што треба да вложите.
Крпа за лице
Понесете мала крпа која ќе ја користите само за вашето лице. Редовно бришете ја потта која се собира над очните капаци, околу носот и на мрсната Т зона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одрон на плажата на омиленото летувалиште на туристите, има повредени (видео)
-
Глумицата се појави без ниту една брчка на лицето на 52 години, тврди дека е целата „природна“
-
Докторите советуваат: Што смее, а што не трудница на плажа?
-
Тука летуваат многу Македонци, но од глетката ќе се згрозите (ФОТО)