Нарцисоидна нервоза, соочување со старите трауми: кризата која ја преживува Грција ги засега на различен начин пациентите на психоаналитичарот Јанис Гиастас, но според него суштината на проблемот е во неспособноста на Грците да станат господари на својата судбина, пишува „АФП“.
– Секој и се спротивставува на кризата на свој сопствен начин, објаснува 51-годишниот лекар на одличен француски јазик.
– Мојот француски не е многу актуелен, тој е француски од пред еврото, вели тој скромен маж кој едно време студирал психологија во Париз кога немало факултет за психологија во Грција. Првиот бил отворен во Ретимно, на островот Крит, во 1989 година.
Невозожно е да се каже колку психоаналитичари работат во Грција, но едно нешто е сигурно: науката, создадена од Фројд, добро се приспособила во родната земја на Едип и на Сократ.
Во 1999 година, откако работел како групен теврапевт за наставници, Јанис Гиастиас отворил свој кабинет во Панкрати, кварт во центарот на Атина, во кој живее средната класа.
Тој таму прима петнаестина пациенти за една до две сеанси неделно од по 45 минути: „мажи, жени, луѓе од секакви средини и од сите возрасти“.
Најочигледниот ефект од кризата е дека лекарот бил принуден да ги намали хонорарите, додека бројот на пациентите со голем очај, меѓу кои и „луѓе склони кон самоубиство“ само се зголемувал.
Но, „дури и ако некој е невработен, јас треба да му земам малку пари, најмалку можно, за да му дадам вредност на неговиот труд“, објаснува психоаналитичарот.
Еден од неговите пациенти, кој до неодамна бил добро озбезбеден, но приходите нагло му опаднале, на тој начин повеќе се ценел гледајќи дека му е побарана вообичаената сума од 60 евра.
Токму тоа она што кризата засега често е на прво место, важна е претставата за себе си. „Некои луѓе кога веќе немаат средства да се покажат во најдоброто светло, крахираат“, вели Гиастас.
Тоа е особено често во Грција, каде до избувнувањето на кризата во 2010 година „потребата за психијатар често беше заради сериозна нарицсоидна поддршка“.
Кон таа состојба на нарцисоидност се додава и фактот дека „Грците многу слабо ги надминале претходните трауми, кои датираат од граѓанската војна или потоа од следниот период на масовна емиграција“.
Така кризата поддејствува како фактор кој открива една патогена семејна структура. „Жената се занемарува себеси, ги занемарува ќерките и вложува големи напори за своите синови, кои потоа ги занемаруваат своите сопруги затоа што им даваат приоритет на мајката. А таткото, од своја страна, сака се да контролира, објаснува овој поранешен професор по математика, кој пројавил интерес кон структуралистичкиот пристап кој го развил Лакан.
– Пред кризата младите можеа да си излезат надвор од домот и да си го бараат своето место, но со невработеноста која го засега секој втор млад човек, тие треба да се вратат дома или да бараат пари од своите родители.
Една зависнот која се покажува во друга светлина: „не“-то на грците на референдумот од 5 јули.
– Тоа е „не“ за нинвите родители, на таа зависност која Грците не ја надминале, затоа што родителите во Грција не преговараат со своите деца, па не им останува друга алтернатива освен слепо потчинување на законот со сите последици што тоа ги вклучува, или бунт.
И психоаналитчарот се потсетува за своите години на студентска сиромаштија во Париз во 80-ите, за студентската соба без греење.
– Но бев среќен, затоа што бев слободен; не му должев ништо материјално на татко ми.
Таа склоност кон бунт, но „еден бунт без стратегија“, се провлекува низ целата историја на грчкиот народ, кој преминувал од едно ропство во друго, и кој денес се уште не успеал да ја постигне целосната независност.
Од каде доаѓа таа „стара депресивна суштина која е вкоренета во Грција“, и против која забавата и прославите играат улога на антидепресив.
А како тоа влијае врз него? „Времињата се тешки и за психоаналитичарите“, вели со воздишка Јанис Гиастас, и додава: „Но ние сме на своето место“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција