Околу 10.000 лица се евакуирани од три кампови во Фрејус, на југоистокот на Франција, по избивање пожари. Засега нема повредени.
Пожарите, кои ги разгорел силен ветер, избувнале во Вар, околу Фрејус и Бодуен.
Триесет камп-куќички изгореле во еден од камповите во Фрејус, и уште десет во друг. Во гаснењето на пожарите учествувале 216 пожарникари со 50 возила.
Грионде, на југозападот на Франција, исто така, е погоден од петокот со големи пожари, кои уништиле околу 580 хектари борова шума, а се евакуирани околу 600 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.