| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватскиот Уставен суд ја укина пресудата за корупција за Санадер

Хрватскиот Уставен суд нареди ново судење во предметот против поранешниот премиер Иво Санадер, кој е осуден за корупција, пренесе БТА.

Ivo-Sanader-l-ex-premier-dietro-le-sbarre_large

Санадер беше прогласен за виновен за земање поткуп од унгарската нафтена компанија МОЛ во замена за здобивање со контролниот пакет акции во хрватската нафтена компанија ИНА.

Поранешниот премиер ја обжали пресудата.

– Судот ја прифати жалбата и ја укина пресудата – соопшти судот на својот сајт, повикувајќи се на процедурални грешки. Предметот ќе биде вратен во Загрепскиот Окружен суд за ново судење.

Хрватскиот Врховен суд минатата година ја потврди пресудата на Санадер, но ја намали казната од десет на осум и пол години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top