| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен лавот Сесил ­- икона на саваната во Зимбабве

Непознат ловџија го отепал лавот Сесил, кој претставуваше „икона“ на саваната на Зимбабве и на познатиот национален парк Хванге, соопшти директорот на Конзерваторските сили за брза реакција на оваа источноафриканска земја, Џони Родригез.

sesil

 

Покрената е обемна истрага за тоа кој стои зад убивањето на лавот, а првите сознанија на властите, навестуваат дека станува збор за шпански ловџија кој веројатно платил за тоа 55.000 долари.

Тринаесетгодишниот лав, им беше познат на сите гости и туристи на националниот партк на Зимбабве, најмногу по својата густа црна грива.

Директорот Родригез објасни дека лавот Сесил бил убиен со помош на лак и стрела и застрелан со пушка, по што му била отсечена главата и одрана кожата.

Тој откри дека употребата на лак и стрела за ловење (и убивање) на дивите животни, во последно време станува „нова мода“ на ловџиите од разни страни на светот, затоа што на тој начин избегнуваат да бидат откриени и казнети за она што го направиле.

– Стрелата и лакот се тивки, никој не може да ве слушне што правите,а особено дека ловите без согласност и можете подоцна, лесно и тивко да се извлечете од ловиштето – рекол Џони Родригез.

Зимбабве, како и другите земји од Африка се борат за да се спречи ловот, посебно на вакви животни каков што беше „Сесил„ особено што некои врсти се соочуваат со заканата да исчезнат, токму поради илегалното ловење и убивање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top