| четврток, 6 декември 2018 |

Варуфакис признава, Ципрас дозволил хакирање на грчкиот платен систем и воведување паралелен

janis varufakisПоранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, тврди дека премиерот Алексис Ципрас пред победата на изборите во јануари, го овластил да осмисли паралелен платен систем, јавува британскиот Телеграф, повикувајќи се на транскрипти од телефонски разговори на Варуфакис и група инвеститори кои ги објави грчкиот Катимерини.

Во телефонскиот разговор со инвеститори од Лондон, воден една неела откако си поднесе оставка, поранешниот министер открива дека со петчлен тим со месеци работел на резервен план за создавање на паралелен платен систем доколку Европската централна банка не ги испорача итните средства за грчкиот финансиски ситем, како што стори по колапсот на преговорите со Атина.

Паралелниот систем би можел да функционира во евра, но преку ноќ би можел да се префрли и на драхми, ако било потребно,

-Премиерот пред победата во кануари ми даде зелено светло за план Б. Собрав многу способен тим, кој мораше да биде мал, бидејќи работевме под превез на тајна заради очигледни причини- вели Варуфакис.

Тој прецизира дека ангажирал експерт за информатички технологии од универзитетот Колумбија, кој бил задолжен за логистика, и кој според планот, требало да влезе во софтверскиот систем на грчката даночна управа- која во тие моменти беа под контрола на „тројката“ – за да ги собере регистарските броеви на даночните обврзници.

-Одлучивме да го хакираме софтверскиот систем на моето министерство- вели Варуфакис.

ПОранешниот минстер за Телеграф признава дека објавените разговори се точни, но и дека грчките медиуми ги извртеле некои од тврдењата.

-Смислата на сето тоа е да ме претстават како лош министер и да бидам обвинет за издавање. Тоа е се обид да се уништат првите пет месеци работа на владата и да заврши како смет во историјата. Во целост е искривено значењето на мојата желба за воведување на паралелна валута. Од секогаш во целост сум бил против демонтажа на еврото, бидејќи не знаеме какви мрачни сили тоа би ослободило во Европа- посочува Варуфакис за британскиот весник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top