Понекогаш дури ни топлата бања, чајот од камилица или броењето овци не помогага да заспиеме, иако сме многу изморени. Ова е последица на бурниот начин на живот и на стресот, кои не дозволуваат мислите да се смират, туку забрзано циркулираат низ мозокот во времето кога би требало да спиеме. Кога не сме отпуштени во мислите и нашето тело е во грч и немаме мирен сон.
Со оваа техника повеќе кислород оди во белите дробови, а со тоа и во целото тело, и така го релаксира. Д-р Вејл ја препорачува оваа техника не само пред спиење, туку и во текот на денот кога сме под стрес.
Спиење за 60 секунди
1. Издишете го целиот воздух преку устата со силно шиштење.
2. Затворете ја устата, вдишете полека и тивко низ носот и во мислите бројте до четири.
3. Задржете го здивот броејќи до седум.
4. Повторно целосно издишете го целиот воздух преку устата со силен шиштење, а тоа нека трае осум секунди.
5. Повторете го циклусот трипати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.