| четврток, 6 декември 2018 |

„Голф 7“ е „Светски автомобил на годината“ за 2013

Новиот Голф 7 продолжува со победите: денес, меѓународното експертско жири, го именуваше бестселерот од Волфсбург за ,,Светски автомобил на годината,, за 2013. Глобално гледано - веднаш по наградата со која се закити на Меѓународниот саем за автомобили во Њујорк, оваа титула ,,Светски автомобил на годината, претставува уште едно камче во мозаикот на освоени награди за Голф

GOLF-WCOTYПроф. д-р Мартин Винтеркорн – претседател на Одборот на Директори во „Фолксваген АГ“ објасни: ,,Сите ние во ’Фолксваген‘ сме одушевени од именувањето на ’голф 7‘ за ’Светски автомобил на годината‘. Освојувањето на оваа награда уште еднаш покажува дека ’голфот‘ е и ќе остане класа за себе во светски рамки. Ова возило поставува нови стандарди со секое свое појавување, одново и одново, особено во поглед на ефикасноста и на параметрите за грижа кон околината. Наскоро, ’голф‘ ќе биде претставен и со хибридно напојување како 100 проценти електрично возило“.

„Голфот“ е константен елемент на сцената на моторни возила во глобални рамки повеќе од 30 години. За седмата генерација на ова возило ова е 17. по ред награда од неговото претставување во ноември 2012 година. При образложувањето на причините за одбирање на ова возило, жирито рече: ,, Голфот ги има токму вистинските димензии –простран е, практичен и удобен. Поседува свеж прогресивен дизајн, широка палета агрегати надополнети со импресивна листа на опрема и безбедносни системи. Доколку одбираме возило за секого, тоа е ’голфот‘“.

Пред само три недели компактот од Волфсбург беше крунисан за Европски автомобил на годината. Потоа следуваа многубројни домашни и светски награди како „Најдобро возило“ за 2013 година (The Best Cars of 2013), „Автотрофеј“ за 2012 година (Auto Trophy 2012’) и наградата од „Топ гир“ (Top Gear) насловена како: Сѐ што би ви било потребно од возило (All the car you’ll ever need), која ја заокружи листата успеси.

Жирито на изборот ,,Светски автомобил на годината“ се состои од 66 новинари од 23 земји, кои ги оценуваат возилата што се појавуваат на светската сцена не само за овој избор туку и во нивното секојдневно работење, известувајќи ги милионите свои читатели, возачи и ентузијасти.

„Фоксваген“ е одамна силен натпреварувач во овој избор: „голф 5“, на пример, во 2009 година ја освои истата титула. Во 2012 година, пак, ценетата награда отиде кај најмалиот модел од гамата „Фолксваген“ –кај up!. Во 2010 година, исто така, изборот ,,Светски автомобил на годината“ беше одбележан од „Фолксваген“, кога „поло“ како модел беше крунисан како вкупен победник, а „блу моушн“ изведбите на „поло“, „голф“ и на „пасат“ ја добија титулата ,,Светски зелен автомобил на годината“.

Во наредните неколку месеци, на гамата „голф“ ќе бидат додадени изведбите ГТИ и ГТД. Двете поспортски изведби ќе бидат промовирани оваа пролет. Од средината на април, купувачите ќе можат да го нарачаат пространиот и динамичен „голф“ во караванска изведба, додека, пак, во вторта половина од годината следува новиот „голф ТДИ блуемоушн“, кој поставува нови стандарди во поглед на потрошувачка и емисии на издувни гасови: само 3,2 l/100 км и јаглероден диоксид од 85 г/км што се импресивни бројки за компактната класа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top