„Алкалоид АД – Скопје“ донираше вкупно 9 апарати за хемодијализа на пет здравствени установи во Македонија. По два апарати за хемодијализа добија општите болници во Прилеп и во Струмица, како и здравствениот дом во Делчево и клиничката болница во Штип, а апарат за хемодијализа доби и општата болница во Гевгелија.
Преку оваа донација сакаме барем малку да го олесниме процесот на лекување на пациентите кои одат на хемодијализа, да придонесеме за нивно поквалитетно лекување и поголема достапност на нивната терапија. Бројот на бубрежноболните во Република Македонија воопшто не е мал, а некои пациенти на хемодијализа регистрирани во центрите каде што сега се донирани апаратите, мора да патуваат во соседните градови за го добијат соодветниот третман.
Апаратите за хемодијализа се набавени од компанијата „Фрезениус“ по доста поволни цени благодарение на долгогодишната сорработка која „Алкалоид АД – Скопје“ ја има со оваа реномирана компанија и се од типот 4008Н. Редовната цена на чинење на еден апарат се движи помеѓу 10 до 12 илјади евра.
Како проверен и сигурен партнер на македонското здравство и фармација, и како компанија која секогаш на прво место го става здравјето на луѓето и редовно помага на оние на кои тоа им е најпотребно, ваквите заложби и акции на „Алкалоид АД – Скопје“ ќе продолжат и во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“