| четврток, 6 декември 2018 |

Турски театар со „Сон на летната ноќ“ на „Битола Шекспир фестивал“: Приказна меѓу сонот и јавето

Турски театар Скопје синоќа на сцената на Битолски театар ја изведе претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир, во режија на Александар Поповски.

IMG_4149

– Секогаш ме фасцинирала таа линија што ги двои двата света. Кај Шекспир тоа е светот на Атина, светот на градот, на законите. Атина во која владее еден диктатор, кој управува по свое, каде што нема многу простор за љубовта, и светот на шумата, односно светот на слободата, каде што владеат некои други богови и каде што владеат некои други правила – вели Поповски за оваа претстава.

Сценограф  на претставата е Свен Јонке, костимограф Јелена Проковиќ, а музиката е на Кирил Џајковски.

IMG_4173

Улогата на Тизеј во претставата ја толкува Атила Клинче, на Хиполита Сузан Акбелге, на Егеј Тамер Ибрахим, а на Лисандер  и  на Деметар актерите Осман Али и Селпин Керим.

IMG_4270

Сите заедно се во приказната која се одвива меѓу сонот и јавето. Сите заедно создале претстава која ги следи можностите на ансамблот, и тоа на најдобар начин.

Токму со премиерата на оваат претстава беше прославена 65-годишнината од основањето, Турски Театар . Со истата претстава, која Поповски ја постави во Градскиот театар во Истанбул била прославена нивната 100-годишнина. Ова е трета претстава на Поповски во Турски театар, по претставите „Бура“ од Шекспир и „Госпоѓица Јулија“ од Стринберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top