| четврток, 6 декември 2018 |

Албумот „Dark side of the Moon“ на „Пинк флојд“ навршува 40 години

Албумот „Dark side of the Moon“ на групата „Пинк флојд“ в недела навршува 40 години и во чест на тоа групата на својот веб-сајт покрена интерактивна апликација со која фановите можат специјално креираната месечина да ја „свртат“ на темната страна. Обожавателите се повикани в недела на веб-сајтот да го слушаат познатиот албум и потоа со останатите да ги споделат своите спомени, фотографии или мисли.

Еден од најпродаваните албуми на сите времиња „Dark side of the Moon“ е објавен во Британија во 1973 година и беше прв албум на групата „Пинк флојд“, кој стигна на врвот на топ-листата во САД, каде што од 1973 до 1988 година беше на листата 741 недела. Албумот се наоѓа на британските топ-листи цели 30 години. Еднакво позната е и насловната страна на албумот, призма која ја дизајнирал Сторм Торгерсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top