| четврток, 6 декември 2018 |

Театарската компанија од Санта Барабара со „Хамлет“ на „Битола Шекспир театар“

Синоќа, на третиот интернационален „Битола Шекспир фестивал“ на новата сцена во НТБ беше одиграна претставата „Хамлет“, која го зазема централното место во репертоарот на Лит Мун, тетарската компанија од Санта Барбара, Калифорнија и која навистина ја воодушеви битолската театарска публика.

DSC_6578

 

Инаку, основан во 1991 година, Лит Мун театарот претставува колектив на театарски уметници кои творат во Санта Барбара, седиштето на овој тетатар. Тој е независен и претставува своевидна лабораторија во која се интегрираат естетските експерименти со мултикултурната интеракција и разбирање.

DSC_6576

 

Неговата мисија е да понуди театарско искуство кое ќе го продлабочи и прошири сфаќањето за светскиот театар и културните традиции, па ќе го промовира и инспирира меѓукултурното разбирање преку театарските изведби во живо. Лит Мун ја негува физичката изведба и онаа базирана на слики, па локално и глобално важи за пионер на еден уникатен театарски стил.

DSC_6585

 

Од 1992 г. Лит Мун има создадено 29 нови театарски проекти, продуцирано 12 интернационални театарски фестивали, добиено многу актерски награди, развиено многу соработки со уметници од 7 европски држави, како и  настапувано во Полска, Бугарија, Чешка, Шкотска, Канада, Македонија, Црна Гора, Албанија и Кина.

Вечерва пак публиката ќе има можност да ја погледне претставата на Турскиот театар „Сон на летната ноќ“. „Прашањето што денеска значи љубовта, сонот, илузијата, идеологијата не засега сите, а сонот е составен токму од овие елементи. Сонот во некој смисол е и радикален, бидејќи ние го напуштивме сонувањето, кое е дури и демоде. Денес соништата не можеме да ги најдеме на пазарот. Светот на фантазијата, митовите, потсвеста – за мене светот на убавината – е обвиткан со завеса, зад која ретко погледнуваме.   Во оваа претстава не сакавме до крај да ги одвоиме стварноста и сонот; во целина претставата можеби е сон на еден стар човек, можеби на Пук, а можеби и на актерот кој го играл Пук. Јас оваа претстава ја гледам како една сфера, во која има уште една сфера и уште една… Сон во сонот сон… Овој сон продолжува се  до крајот на монологот на Пук, кој го “позајмивме” од Просперо, бидејќи Просперо истовремено е и Пук, како што Сон на летната ноќ и Бура на места е истиот текст…“ – вели режисерот Александар Поповски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top