Невообичаено силна летна бура денеска предизвика сообраќаен хаос во Холандија. Многу патишта беа затворени поради откорнати дрвја, а десетици летови биле откажани на амстердамскиот аеродром. Властите ги предупредија граѓаните да ги откажат патувањата.
Едно лице загина кога дрво паднало врз неговиот автомобил, а има и повредени во неколку холандски градови.
На западниот брег од земјата брзината на ветрот достигна 121 километар на час, поради што метеоролошката служба објави најсериозно предупредување за лоши временски услови.
Во Амстердам е прекинато движењето на возовите и трамваите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.