Во јубилејната 50 година од појавувањето на првиот легендарен модел „порше 911“, деновиве во Македонија пристигна најновиот модел на овој престижен и ексклузивен спортски автомобил. Предизвикувајќи воздишки како кај вработените во „Порше Македонија“, така и на сите посетители во салонот, овој спортски убавец препознатлив по својот моќен звук на моторот, техничка перфекција и софистицираност, „порше 911“ ќе плени погледи и по скопските улици.
Како ниеден друг автомобил, „порше 911“ претставува хармоничен спој на противречности: на спортски дух и секојдневна практичност, на традиција и иновација, ексклузивност и општествена прифатливост, на дизајн и функционалност. Фери Порше најдобро ги опиша оригиналните квалитети кои ги носи со себе овој автомобил: „911 е единствениот автомобил што може да се вози на африканско сафари, на трките во Ле Ман или низ њујоршкиот сообраќај, кој денес е вистинска асоцијација за типичен спортски автомобил, репер за сите други“.
Новото „порше 911“ го има во две верзии: карера и карера С со 3,4, односно 3,8 литарски боксер мотор, со директно вбризгување на горивото (DFI) и VarioCam Плус, кој развива до 350, т.е 400 коњски сили соодветно при 7.400 вртежи во минута. Забрзувањата се фантастични. Кај „карера“ за 4,6 секунди до 100 км/час, а кај „карера С“ за 3,9 секунди од 0-96 км/час и може да се пофали со максимална брзина од 297 километри на час.
Историјат
Веќе 5 децении моделот „порше 911“ го претставува срцето на „Порше“. Само уште неколку други автомобили во светот можат да се пофалат со ваква долга традиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.