| четврток, 6 декември 2018 |

ИД киднапира 182 деца и ги обучува за бомбаши-самоубијци

Припадниците на Исламската држава киднапираа 182 деца во северниот ирачки град Мосул кои планираат да ги обучат да бидат милитанти како и да ги користат како бомбаши самоубијци, рече претставникот на Курдистантската демократска партија во Мосул, Саид Мамузини, пренесуваат светските медиуми.

-Во минатите неколку дена, џихадистите киднапираа 182 деца во градот Мосул. Децата се префрлени во центрите за идеолошка обука и ракување со оружје и експлозиви, рече Мамузини.

Исламската држава контролира поголеми делови од територијата на Ирак и Сирија а градот Мосул го завземаа во јуни 2014 година после пребегувањето на ирачката војска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top