Отворено е детско игралиште во Градски ѕид, на плочникот помеѓу Агромеханика и Клубот на новинари. Ова комбинирано детско игралиште на 250 метри квадратни е наменето за деца на возраст од три до 11 години. Изработено е од дрвени елементи, а составено е од две куќарки, платформа, столбови за качување со јаже, двојни лулашки и лизгачи со различни висини.
Комплексот е надополнет со урбана опрема (канти за отпадоци и клупи). Поставена е и заштитна гумена подлога.
– Игралиштето е поставено на оваа локација на барање од граѓаните кои бараа преместување на детското игралиште кое досега се наоѓаше на булеварот „Климент Охридски“, во близина на бензинска пумпа и сред градски метеж, информира општина Центар.
На поранешната локација на игралиштето ќе никне заштитен зелен појас.
Општина Центар информира дека предвидена е комплетна реконструкција на три детски игралишта, во Индијанско маало, кај Францускиот културен центар и кај Коктел бар, како и кај Зелен пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст