| четврток, 6 декември 2018 |

Ново детско игралиште во Градски ѕид

Отворено е детско игралиште во Градски ѕид, на плочникот помеѓу Агромеханика и Клубот на новинари. Ова комбинирано детско игралиште на 250 метри квадратни е наменето за деца на возраст од три до 11 години. Изработено е од дрвени елементи, а составено е од две куќарки, платформа, столбови за качување со јаже, двојни лулашки и лизгачи со различни висини.

Комплексот е надополнет со урбана опрема (канти за отпадоци и клупи). Поставена е и заштитна гумена подлога.

– Игралиштето е поставено на оваа локација на барање од граѓаните кои бараа преместување на детското игралиште кое досега се наоѓаше на булеварот „Климент Охридски“, во близина на бензинска пумпа и сред градски метеж, информира општина Центар.

На поранешната локација на игралиштето ќе никне заштитен зелен појас.

Општина Центар информира дека предвидена е комплетна реконструкција на три детски игралишта, во Индијанско маало, кај Францускиот културен центар и кај Коктел бар, како и кај Зелен пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top