| четврток, 6 декември 2018 |

Седмо издание на „Крушево Eтноград“

eедмото издание на манифестацијата „Крушево-етноград“ ќе биде отворено вечер на градскиот плоштад во Крушево. Проектот „Етноград“ опфаќа изложби меѓу кои за филигран од срма на Флора Педрони, презентација на домашни и еколошки производи и концерти на познати групи.

Според градоначалникот на Крушево Ѓорѓи Дамчески, градот ќе живее со историските и културните традиции на кои, како што рече, крушевчани облечени како комити и Турци чорбаџии ќе ги потсетуваат посетителите.

– Пред седум години првпат го кренавме „Првото туристичко востание на Балканот“. Наместо топовите, грмнаа тапаните, наместо лелекот, писнаа зурлите. Комитите и аскерот го положија оружјето и седнаа заедно на маса да пијат кафе. Сиромашните и чорбаџиите заедно се насладуваа со вкусните крушевски јадења, народот илезе на улица и ја сардиса чаршијата. Крушевскиот „Етноград “ е манифестација со која Крушево стана препознатлив туристички бренд и неизбежен дел од туристичката понуда во Македонија, изјави Дамчески.

Според градоначалникот Дамчески, сите капацитети се пополнети и се очекуваат голем број туристи.

– Крушево ја збогати туристичката понуда со културните манифестации, со првенствата во параглајдерство, во планинарство и едноставно е место каде посетителите сакаат да го поминат летото и да побегнат од горештините, потенцира Дамчески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top