Еден од најтрофејните англиски тимови Ливерпул ги почна градежните работи за проширување на својот стадион „Енфилд роуд“.
Целиот проект и подготовките се почнати уште во декември 2014 година, а комплетната реконструкција треба да заврши за една година.
Првиот поголем зафат почна денеска со отстранување на конструкција на покривот на главната трибина, тешка 650 тони.
Целиот проект опфаќа зголемување на капацитетот на „Енфилд“ за 8.500 седишта. Главната трибина ќе има три нивоа, ќе биде проширен тунелот за играчите, а резервните играчи ќе добијат и нови клупи.
Во втората фаза на проширување ќе се добијат допонителни 4.825 седишта и со тоа вкупниот капацитет ќе изнесува 58.000 гледачи. Втората фаза опфаќа проширување на трибината „Енфилд роуд енд“, која се наоѓа спроти таа на најжестоките навивачи на „црвените“.
Директорот на Ливерпул Јан Ајр истакна дека проширувањето на легендарниот „Енфилд роуд“ е фантастична можност за продолжување на богатата традиција на стадионот, кој го чини посебен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


