| четврток, 6 декември 2018 |

Колку често треба да се пере градникот?

Ако се перат пречесто, градниците ќе се уништат. Ако не ги перете доволно, пак, може да ви направат проблеми со кожата, а е и крајно нехигиенски.
Правилото, кое посебно важи во овие жешки денови, вели вака: градникот се пере по 3-4 пати носење, во машина за перење.
Мора да е на ниска температура, најмногу 40 степени, а потоа да не се суши во машина за сушење, туку природно.
Совет плус: Секогаш перете го градникот закопчан, бидејќи куките за закопчување може да се искриват или, уште полошо, да се закачат на друго парче облека и да го уништат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top