Младата Даша Јатскаја од Киргистан му пишала на рускиот претседател Владимир Путин дека родителите немаат пари да ѝ купат куче, а неговиот гест е прекрасен…
Даша ја видела фотографијата на рускиот претседател Владимир Путин со куче и претпоставила дека тој многу сака животни. Отсекогаш сакала да име куче од расата њуфаундер, а желбата конечно ѝ се остварила.
Иако кучето веќе имало име – Макс, таа решила да му даде друго, сосема соодветно име. Бидејќи нејзиниот нов миленик доаѓа како подарок лично од рускиот претседател, го крстила Дар.
Даша отсекогаш посакувала нејзиниот миленик да биде њуфаундлер, но во Киргистан немало таква раса на кучиња, а нејзините родители немале пари за да и го купат од странство, па затоа се решила да му испрати писмо на Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.