| четврток, 6 декември 2018 |

Специјална олимпијада на Македонија: Да осво­и­ме зла­то и да се фо­то­гра­фи­ра­ме со Ба­рак Оба­ма!

Пе­тров­ска има Да­у­нов син­дром, а Ај­ва­зи и Ба­јра­мов­ски има­ат ин­те­ле­кту­ал­на по­пре­че­ност, но тоа не е проб­лем за тие да осво­ју­ва­ат злат­ни, сре­бре­ни и брон­зе­ни ме­да­ли на си­те го­ле­ми нат­пре­ва­ру­ва­ње на кои учес­тву­ва­ле ка­ко чле­но­ви на Спе­ци­јал­на­та олим­пи­ја­да на Ма­ке­до­ни­ја. Со не­тр­пе­ние го че­ка­ат на­ста­пот во Лос Ан­џе­лес. Пе­тров­ска ќе на­ста­пи на тр­ки­те на 50 и на 100 ме­три, а Се­ват и Ба­јра­мов­ски ќе тр­ча­ат на 200 и на 400 ме­три. Не­ма­ат страв од ле­та­ње со ави­он. Не ги пла­ши ни пре­ку­о­ке­ан­ски­от лет

Ју­ли­ја­на Пе­тров­ска (31), Ај­ва­зи Се­ват (23) и Ал­бан Ба­јра­мов­ски (21) се ма­ке­дон­ски­те ат­ле­ти­ча­ри, чле­но­ви на Спе­ци­јал­на­та олим­пи­ја­да на Ма­ке­до­ни­ја, што од 25 ју­ли до вто­ри август, во Лос Ан­џе­лес, САД ќе учес­тву­ва­ат на Лет­ни­те олим­пи­ски игри (ЛОИ) на Спе­ци­јал­на­та олим­пи­ја­да.

Пе­тров­ска има Да­у­нов син­дром, а Ај­ва­зи и Ба­јра­мов­ски има­ат ин­те­ле­кту­ал­на по­пре­че­ност, но тоа не е проб­лем за тие да осво­ју­ва­ат злат­ни, сре­бре­ни и брон­зе­ни ме­да­ли на си­те го­ле­ми нат­пре­ва­ру­ва­ње на кои учес­тву­ва­ат ка­ко чле­но­ви на Спе­ци­јал­на­та олим­пи­ја­да на Ма­ке­до­ни­ја. Со не­тр­пе­ние го че­ка­ат на­ста­пот во Лос Ан­џе­лес. Пе­тров­ска ќе на­ста­пи во тр­ки­те на 50 и на 100 ме­три, а Се­ват и Ба­јра­мов­ски ќе тр­ча­ат на 200 и на 400 ме­три. Не­ма­ат страв од  ле­та­ње со ави­он. Не ги пла­ши ни пре­ку­о­ке­ан­ски­от лет.

Си­те има­ат две го­ле­ми жел­би. Да осво­јат злат­ни ме­да­ли и да се фо­то­гра­фи­ра­ат со Ба­рак Оба­ма, аме­ри­кан­ски­от пре­тсе­да­тел, кој е по­че­сен пре­тсе­да­тел на Игри­те. Ју­ле ед­вај че­ка да ја об­ја­ви фо­то­гра­фи­ја­та со Оба­ма на „Фејс­бук“.

– Си­те фо­то­гра­фии ќе ги об­ја­вам та­му – ве­ли таа.

Лет­ни­те олим­пи­ски игри (ЛОИ) на Спе­ци­јал­на­та олим­пи­ја­да ќе се одр­жат од 25 ју­ли до вто­ри август во Лос Ан­џе­лес. Ова ќе би­де нај­го­лем гло­ба­лен спорт­ски и ху­ма­ни­та­рен на­стан на кој ќе учес­тву­ва­ат 7.000 спор­ти­сти, 3.000 тре­не­ри од 177 зем­ји, кои ќе се нат­пре­ва­ру­ва­ат во 25 олим­пи­ски спор­та. Чле­но­ви­те на Спе­ци­јал­на­та олим­пи­ја­да пред по­ло­ви­на ми­ли­он ди­рект­ни на­ви­ва­чи ќе ги де­мон­стри­ра­ат хра­бро­ста, од­луч­но­ста и спорт­ски­от дух.

unnamed

Ма­ке­до­ни­ја ќе има 18 спор­ти­сти во че­ти­ри дис­цип­ли­ни: пли­ва­ње, пинг-понг, ат­ле­ти­ка и ју­ни­фајд ко­шар­ка

 

Ма­ке­до­ни­ја ќе има 18 спор­ти­сти во че­ти­ри дис­цип­ли­ни: пли­ва­ње, пинг-понг, ат­ле­ти­ка и ју­ни­фајд ко­шар­ка (тим со­ста­вен од ре­гу­лар­на по­пу­ла­ци­ја и ли­ца со ин­те­ле­кту­ал­на по­пре­че­ност во раз­во­јот). Ова е нај­го­ле­ма олим­пи­ска де­ле­га­ци­ја во исто­ри­ја­та на Спе­ци­јал­на­та олим­пи­ја­да на Ма­ке­до­ни­ја. Во де­ле­га­ци­ја­та има и пет тре­не­ри и трој­ца де­ле­га­ти, што зна­чи де­ка де­ле­га­ци­ја­та ќе брои 26 ли­ца.

По­че­сен пре­тсе­да­тел на Игри­те е пре­тсе­да­те­лот на САД, Ба­рак Оба­ма, а го­сти на це­ре­мо­ни­ја­та на све­че­но­то отво­ра­ње, ко­ја ќе се слу­чу­ва во „Лос Ан­џе­лес Ко­ли­се­ум“ (ка­де што се одр­жу­ва­ле ЛОИ во 1932 и во 1984), се пр­ва­та да­ма на САД, Ми­шел Оба­ма, гра­до­на­чал­ни­кот на Лос Ан­џе­лес, Ерик Гар­це­ти, и гу­вер­не­рот на Ка­ли­фор­ни­ја, Џе­ри Бра­ун.

Спо­ред про­гра­ма­та, Спе­ци­јал­на­та олим­пи­ја­да на Ма­ке­до­ни­ја ќе има по­се­та во Хо­ли­вуд, по­тоа по­се­та во пред­гра­дие на Лос Ан­џе­лес, а ќе би­дат го­сти и на НБА- ти­мот ЛА Леј­керс во „Стејпл цен­тар“.

– Во Хо­ли­вуд са­кам да го срет­нам Џе­ки Чен, тој ми е оми­лен актер! Мо­же ќе ги срет­нам и за­поз­на­ам Бред Пит и Ан­џе­ли­на Џо­ли – ве­ли Ју­ле, ко­ја има на­ста­пи на ЛОИ во Даб­лин 2003 го­ди­на, во Шан­гај во 2007 го­ди­на и во Ати­на 2011 го­ди­на.

Таа е си­гур­на де­ка ќе освои два злат­ни ме­да­ла во тр­ки­те на 50 и на 100 ме­три.

– Га­ран­ти­рам де­ка ќе осво­јам злат­ни ме­да­ли. Га­ран­ци­ја­та ми е од мо­јот тре­нер Ан­де То­пу­зов­ски – ве­ли Ју­ле, ко­ја тре­ни­ра два­па­ти не­дел­но.

Пе­тров­ска е пр­во­то ли­це со Да­у­нов син­дром во Ма­ке­до­ни­ја кое е вра­бо­те­но. Ра­бо­ти во ед­на пе­чат­ни­ца во Скоп­је и са­ка да би­де сво­ја, да има сво­ја ра­бо­та и да не би­де фи­нан­си­ски за­вис­на.

specijalna olimpijada 2 (Custom)

Се­ват и Ал­бан не раз­го­ва­раа со нас, но за­тоа по­сто­ја­но се нас­мев­ну­ваа и клим­ну­ваа со гла­ви­те на се­кое пра­ша­ње. И тие са­ка­ат да осво­јат ме­дал, да се срет­нат со ко­шар­ка­ри­те на ЛА Леј­керс, да се фо­то­гра­фи­ра­ат со Оба­ма.

За разлика од Јулијана, која живее со своето семејство, Севат и Албан живеат во Заводот за лица со посебни потреби. Тие немаат свое семејство. За нив дружењето со членовите на Специјалната олимпијада на Македонија е посебен стимул бидејќи на тој начин, преку дружбата и тренинзите, тие чувствуваат љубов и ги зголемуваат своите перформанси. Јуле одлично комуницира со Севат и знае како да ја смири пред настап, кога таа или има трема или е вознемирена.

Тре­не­рот То­пу­зов­ски е вра­бо­тен во За­во­дот за ли­ца со по­себ­ни по­тре­би. По про­фе­си­ја е де­фе­кто­лог, а има за­вр­ше­но и Фа­кул­тет за фи­зич­ка кул­ту­ра.

– По­треб­на е го­ле­ма сми­ре­ност. Са­мо жел­ба и ра­бо­та се по­треб­ни. Пет ча­са со нив е ка­ко де­сет ча­са фи­зич­ка актив­ност. Тре­ба да би­деш на ни­во на де­те за да ус­пе­еш да по­стиг­неш ре­зул­та­ти со овие ли­ца – ве­ли То­пу­зов­ски, кој ги се­ле­кти­рал за на­стап по ат­ле­ти­ка. Тој, спо­ред кон­сти­ту­ци­ја­та и град­ба­та, ги се­ле­кти­рал и во ко­ја дис­цип­ли­на ќе се нат­пре­ва­ру­ва­ат.

На ЛОИ на Спе­ци­јал­на­та олим­пи­ја­да ќе има 300.000 во­лон­те­ри кои не­се­бич­но се вло­жу­ва­ат во бес­пре­кор­на­та под­го­то­вка на на­ста­нот, а те­ле­ви­зи­ска­та мре­жа „И-Ес-Пи-Ен“ ќе обез­бе­ди ме­ди­ум­ско по­кри­ва­ње на Олим­пи­ски­те игри, со што си­те зем­ји-учес­нич­ки ќе има­ат мож­ност ди­рект­но да ги сле­дат сво­и­те де­ле­га­ции.

– Спе­ци­јал­на олим­пи­ја­да на Ма­ке­до­ни­ја по­стои од 2004 го­ди­на и е по­све­те­на на пот­тик­ну­ва­ње, раз­вој и за­јак­ну­ва­ње на ли­ца­та со по­себ­ни по­тре­би пре­ку спорт и спорт­ски актив­но­сти за да ста­нат про­ду­ктив­ни и по­чи­ту­ва­ни чле­но­ви на оп­штес­тво­то. Пре­ку сво­ја­та про­гра­ма про­мо­ви­ра ини­ци­ја­ти­ви во здрав­стве­на­та и јав­на­та сфе­ра, ка­ко и со­ци­јал­на инк­лу­зи­ја на ли­ца­та со по­себ­ни по­тре­би. Ма­ке­дон­ска­та спе­ци­јал­на олим­пи­ја­да обез­бе­ду­ва спорт­ски актив­но­сти на 150 спор­ти­сти во Ма­ке­до­ни­ја да­вај­ќи има по­сто­ја­ни мож­но­сти пре­ку раз­лич­ни спор­то­ви да ја раз­ви­јат сво­ја­та фи­зич­ка кон­ди­ци­ја, да по­ка­жат хра­брост, да иску­сат ра­дост и пре­ку сво­и­те ре­дов­ни актив­но­сти да го ши­ри ду­хот на по­чи­ту­ва­ње на раз­лич­но­сти­те и во­лон­та­риз­мот – ве­ли Љуп­чо Пе­тров­ски, пре­тсе­да­те­лот на Спе­ци­јал­на­та олим­пи­ја­да на Ма­ке­до­ни­ја.

Дар­ко Кр­стиќ е спорт­ски ди­ре­ктор и ко­ор­ди­на­тор на Спе­ци­јал­на­та олим­пи­ја­да на Ма­ке­до­ни­ја.

– Прв­пат на ед­ни ЛОИ на Спе­ци­јал­на­та олим­пи­ја­да, Ма­ке­до­ни­ја на­ста­пу­ва со ју­ни­фајд тим во ко­шар­ка. Тоа се одре­де­ни трен­до­ви на свет­ско ни­во во Спе­ци­јал­на­та олим­пи­ја­да, да се про­те­жи­ра­ат ти­мо­ви со­ста­ве­ни од ли­ца со ин­те­ле­кту­ал­на по­пре­че­ност и ли­ца од ре­гу­лар­на­та по­пу­ла­ци­ја. Истра­жу­ва­ња­та по­ка­жа­ле де­ка нај­до­бри ре­зул­та­ти во стек­ну­ва­ње со­ци­јал­ни ве­шти­ни спор­ти­сти­те со по­себ­ни по­тре­би има­ат во оној мо­мент ко­га се ди­рект­но ин­вол­ви­ра­ни со ли­ца без ин­те­ле­кту­ал­на по­пре­че­ност. Се на­де­вам де­ка во ид­ни­на и во ат­ле­ти­ка­та ќе ос­мис­ли­ме со­од­ве­тен си­стем на нат­пре­ва­ру­ва­ње, ка­де што ли­ца со и без ин­те­ле­кту­ал­на по­пре­че­ност за­ед­но ќе учес­тву­ва­ат и ќе се нат­пре­ва­ру­ва­ат на не­кои од след­ни­те го­ле­ми нат­пре­ва­ру­ва­ња – из­ја­ви Кр­стиќ.

Пи­шу­ва: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top