| четврток, 6 декември 2018 |

Договорот постигнат, Анхел ди Марија се сели во Париз

Аргентинскиот репрезентативец Анхел ди Марија кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ!
Манчестер Јунајтед и ПСЖ официјално постигнале договор за трансфер на овој фудбалер, а сумата што е договорена изнесува 65 милиони евра.
Двата тима се наоѓаат на подготовки во САД, каде што треба да одигаат неколку пријателски средби, а во текот на следната недела треба да се сретнат и меѓусебно. Тоа значи дека Ди Марија, чијашто презентација во новиот клуб се очекува овој викенд, може да го облече дресот на ПСЖ против „своите“ за само неколку дена.

Аргентинецот пристигна во Манчестер од редовите на Реал Мадрид за сума околу 75 милиони евра, но одигра слаба сезона настапувајќи на 27 средби, а постигна само три гола.
Ди Марија во ПСЖ ќе заработува 15 милиони евра по сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top