Eдно лице е повредено утрово откако на влезот на Прилеп, кај Клучката Могила – Лагово, се судриле две возила. Несреќата се случила во 7.30 – 8 часот, а во неа учествувале автомобил „варбург“ со прилепски регистарски таблички и „пежо“ со охридски.
Повреден е патник од „варбургот“, кој е пренесен во прилепската болница, но е надвор од животна опасност.
Според информациите на СВР Битола, полицискиот увид е завршен пред малку, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат до расчистување на местото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.