| четврток, 6 декември 2018 |

По 17 месеци, индустријата повторно во позитива

celicna-industrija1-(1)

По цели 17 месеци, домашната индустрија, според последните податоци на Државниот завод за статистиката, во февруари порасна за 4,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Карактеристично е што најголем скок имало во секторот рударство и вадење камен, дури 17,7 шроценти во споредба со истиот месец лани. Таму речиси цела година се регистрираа најголемите падови во производството.

Лани во февруари индустриското производство падна за 8,8 проценти во споредба со истиот месец 2011 година, во секторот рударство и вадење камен, во споредба со другите сектори, имаше најголем минус од дури 15,7 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top