| четврток, 6 декември 2018 |

Казна од 200 евра за палење оган на јавно место

Од денеска е забрането палење оган на отворени места како превентивна мерка за заштита од шумски пожари поради високите температури, соопшти Град Скопје.

pozar

„Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, во согласност со мерките и надлежностите за одржување и заштита на градското и вонградското зеленило, ќе преземаат мерки и активности за превентивно дејствување во врска со заштитата од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор во текот на наредните топли денови“, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Во наредниве неколку денови екипи на Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини. Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top