По 64 години, градинката „13-ти Ноември“ во Општина Центар целосно ќе се реконструира и ќе биде извршено неопходното проширување.
Како што соопшти локалната самоуправа, со ова им се излезгува во пресрет на барањата на родителите за подобрување на условите каде што престојуваат нивните деца.
– Реконструкцијата ги опфаќа канцелариите, занималните, комуникациите, санитариите, кујната и техничките простории. Градинката ќе стане енергетски ефикасен објект, а реконструкцијата и градењето ќе бидат со најсовремени еколошки материјали, се вели во соопштението.
Со зафатот, меѓу другото, се планира целосна реконструкција на подрумниот простор, приземјето и катот, чија површина ќе биде зголемена.
Според стандардите за производство и пласман на храна (НАССР), за другите клонови и за опслужување на чајната кујна градинката, која ќе се наоѓа на првиот кат, прв пат ќе се постави лифт за храна, велат од Општина Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст