| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се реконструира и проширува градинката „13-ти Ноември“ во Центар

По 64 години, градинката „13-ти Ноември“ во Општина Центар целосно ќе се реконструира и ќе биде извршено неопходното проширување.

gradinka-13-noemvri-620x330

Како што соопшти локалната самоуправа, со ова им се излезгува во пресрет на барањата на родителите за подобрување на условите каде што престојуваат нивните деца.

– Реконструкцијата ги опфаќа канцелариите, занималните, комуникациите, санитариите, кујната и техничките простории. Градинката ќе стане енергетски ефикасен објект, а реконструкцијата и градењето ќе бидат со најсовремени еколошки материјали, се вели во соопштението.

Со зафатот, меѓу другото, се планира целосна реконструкција на подрумниот простор, приземјето и катот, чија површина ќе биде зголемена.

Според стандардите за производство и пласман на храна (НАССР), за другите клонови и за опслужување на чајната кујна градинката, која ќе се наоѓа на првиот кат, прв пат ќе се постави лифт за храна, велат од Општина Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top