| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Една третина од територијата на Ирак е под контрола на ИД

Една третина од територијата на Ирак и понатаму е под контрола на џихадистичката група Исламска држава (ИД) и покрај дејствувањето на ирачките безбедносни сили, доброволците и меѓународната коалиција, изјави специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Ирак, Јан Кубиш.

islqmska-dyrjava-ekzekutira-chetirima-jurnalisti-v-irakskiq-grad-mosul-266022

– Една година по преземањето на Мосул, една третина од Ирак се уште е под контрола на ИД, истакна Кубиш во тримесечниот извештај до Советот за безбедност на ОН.

Според него во овој период операциите на ирачката војска со поддршка на сунитските доброволци, како и на меѓународната коалиција предводена од САД, не можеле да ја изменат ситуацијата.

– Во март беше ослободен Тикрит, но во мај ИД го презеде Рамади, нагласи Кубиш во својот извештај.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top