Лето, сонце, плажа… Понесени од уживањето забораваме на негативните ефекти од прекумерното изложување под сонцето како здравствени тегоби и естестски недостатоци.
Постојат повеќе стандардизирани фактори за заштита на косата, кои ги има во препаратите со Hair protection factor – HPF. Тоа се најчесто регенератори, маски за коса и слично, кои се плакнат по миењето на косата.
Но тука спаѓаат и гелови, креми, лакови за коса и спрееви, кои подолго остануваат на косата и дополнително ја штитат.
Самиот концепт на изработка на вакви препарати со HPF, за заштита од УВ зраците е релативно нов, но и функционален, особено оние препарати кои подолго остануваат на влакното на косата, како навлака.
Исто така не заборавајте дека има и прехранбени продукти за поздрава коса. Зеленчукот е еден од нив.
Сонце и солена вода = опасност!
Директното изложување на штетните УВ зраци, особено по излегувањето од солена вода води со сувост, разделување, кинење и дехидратација на косата.
Влажните влакна се многу осетливи на УВ зрачењето бидејќи тврдиот кератин при навлажнувањето станува мек и влакното е растегливо и подложно на оштетувања. Затоа на косата и е потребна соодветна нега, особено во летните денови.
Препаратите за заштита на косата во овие денови мора да создаваат тенка навлака врз влакното на косата, кој не ја мрси косата, не ја оштетува, а притоа е незабележлив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



