Едно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи попладнево, околу 17 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во населбата „Иго Тричковиќ“.
Во кумановската болница момчето е примено со повеќе повреди, по што е упатено во скопскиот Клинички центар.
-Примено е дете на 12-13 години со повреди здобиени од удар на моторно возило. Детето се здобило со тешки телесни повреди. Има тешка повреда на главата, на двете потколеници и на градниот кош. По укажаната помош, со медицинска придружба и лекар тоа е префрлено на една од скопските клиники, изјави доктор Борче Божиновски, дежурен хирург од Општата болница Куманово.
Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата, а според првичните информации во момчето, кое тргнало по топката на патот, удрил автомобил марка „мерцедес“ А класа со кумановски регистарски таблички.
Од СВР Куманово најавија повеќе детали по завршување на увидот.
(МИА)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Јана Стојановска во врска со девет години помладо момче (ФOTO)



