| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повредено момче во сообраќајка во Куманово

­ Едно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи попладнево, околу 17 часот на регионалниот пат Куманово­-Свети Николе во населбата „Иго Тричковиќ“.

lenta-policija500

Во кумановската болница момчето е примено со повеќе повреди, по што е упатено во скопскиот Клинички центар. ­

-Примено е дете на 12­-13 години со повреди здобиени од удар на моторно возило. Детето се здобило со тешки телесни повреди. Има тешка повреда на главата, на двете потколеници и на градниот кош. По укажаната помош, со медицинска придружба и лекар тоа е префрлено на една од скопските клиники, изјави доктор Борче Божиновски, дежурен хирург од Општата болница Куманово.

Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата, а според првичните информации во момчето, кое тргнало по топката на патот, удрил автомобил марка „мерцедес“ А класа со кумановски регистарски таблички.

Од СВР Куманово најавија повеќе детали по завршување на увидот.

 

(МИА)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top