| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска: Пожарот на Пељешац се доближи до населено место

Пожарот на хрватскиот полуостров Пељешац продолжува да се шири во правец на месноста Пониква и се доближува да првите куќи во населбата Забрѓе, соопшти попладнево портпаролот на Штабот за заштита и спасување на Дубровачко­ неретванската Жупанија, Горан Цвјетиновиќ.

hrv

 

Според Цвјетиновиќ, како што јави Фена, пожарникарите се обидуваат да го спречат пожарот и да ги спасат загрозените куќи. ­

– Патот што минува низ Пељешац е затворен за сообраќај, а пожарот се доближи до местото Забрѓе и пожарникарите се борат со огнената стихија во одбрана на куќите, истакна Цвјетиновиќ. додавајќи дека во гаснењето на огнот се вклучени и два хеликоптери.

На Пељешац од понеделникот горат два пожари кои досега уништија над 800 хекатри борова шума, неколку лозја и една винарија и усмртија поголем број домашни животни.

(МИА)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top