Мирисот на вашиот парфем ќе трае подолго ако се прснете на вистинските точки од телот.
1. Коса
Не се прскајте директно во косата, бидејќи алкохолот од парфемот може да ја оштети. Прснете во воздух, па поминете низ облакот од парфем или испрскајте ја четката пред да се чешлате.
2. Грб
Можеби ви звучи чудно, но научникот за олфакторното функционирање Шандлер Бур вели дека идеално место за прскање на парфемот е токму грбот. На овој начин ќе мирисате цел ден, но на суптилен начин.
3. Внатрешна страна на лактите
Намирисајте ја нежната кожа на внатрешната страна на лактите, а ако сакате парфемот да ви потрае подолго најдобро е пред тоа да нанесете хидратантна крема.
4. Внатрешна страна на колената
Нежната кожа на внатрешната страна на колената е уште едно идеално место за нанесување на парфемот, бидејќи истата е прилично тенка и бргу го впива мирисот. Меѓу другото, самото место произведува поголема количина на топлина, па и мирисот на парфемот ќе се засили.
5. Папок
Лив Тајлер тврди дека парфемот на ваков начин го користи со години и дека е прилично ефикасен начин за подолго задржување на мирисот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.