| четврток, 6 декември 2018 |

Идентификуван бомбашот од Суруч

_84395209_picofactivists

Дел од убиените млади луѓе

 

Извршителот на самоубиствениот бомбашки напад во турскиот град Суруч е 20-годишен маж, објави весникот Џумхуриет, повикувајќи се на прокурдски медиуми.

Во вчерашниот напад извршен во тој град во југоисточна Турција, населен главно со Курди, загинаа 32 лица и ранети се речиси 100.

Името на напаѓачот е Абрурахман Алаѓоз, роден во градот Адајаман во југоисточна Турција. Тој бил поврзан со Исламска држава. Мајката на Алаѓоз рекла дека Абрурахман и брат му пред шест месеци заминале во странство, наведува Џумхуриет.

Претходно, дел од турските медиуми јавија дека нападот го извршилаедна од припадничките на екстремистичката група Исламска држава, која заедно со уште две жени борци од Сирија преминале во Турција, стои зад самоубиствениот напад во Суруч, во кој, според најновиот биланс, загинаа 32, а ранети се стотина лица, пишуваат турските медиуми.

Генералниот директорат за безбедност во јуни предупреди дека три припаднички на ИД – Фадиме Курт, Езлем Јилмаз и Нурај Демирел, можат да изведат самоубиствен бомбашки напад во Турција, известува дневниот весник „Хабертурк“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top