| четврток, 6 декември 2018 |

Пеколните температури ќе траат цела недела, можни се и летни бури

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Попладне во западните делови  ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.  Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната до 32 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала доумерена облачност и со слаб ветер од севрозападен правец.

Утринската температура ќе биде околу 21, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Во охридско преспанскиот регион сончево со попладневна облачност кон крајот на денот и со температура до 33 степени.

Во дојранскиот дел температурата ќе достигне до 38 степени.

Продолжува периодот на претежно стабилно и многу топло време. Од среда до сабота во западните делови од земјава ќе се зголемуваат условите за краткотраен дожд со грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top